Спречен обид за криумчарење хашиш на Меѓународниот Аеродром Скопје

Царинската управа спречи обид за криумчарење хашиш на Меѓународниот Аеродром Скопје. 

-Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија, соопшти Царинската управа.

Веднаш се преземени истражни дејствија од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, патникот е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по Кривичниот законик.

Овој случај, како што се наведува во соопштението, ја нагласува будноста на Царинската управа во навремено детектирање и откривање на софистицираните методи на криумчарење.

Фото: Царинска управа

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ