„Срце полно рани, рани, рани, рани…“ – Последно испраќање на Панчо

„Ако утре ме нема.. тажни да не ве гледам… немој да ме жалите… дигни глава народе…“

Вака Панчо и Андреј пееја, додека ни ги полнеше срцата со емоција.

Но, никој не ги послуша, тага кога ги испрѓавме андреј, а и денес никој не ги послуша. Сите што дојдоа во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, во Скопје, каде беа изложени посмртните останки на Панчо, се збогуваа со наведнати глави, тажни и со скршени срца и насолзени очи…

Болна тишин на последно испраќање на, како што и сам се нарекуваше, „џуџето“ со хумано срце, кое не се штедеше да помогне кога беше потребно.

-Сме пееле на минус 20, не бираше време, ќе слушне дека некому му требло да му се помогне и ќе се јави и ќе рече- одиме. Го молевме Бога да се опорави, седум месеци се надевавме дека се ќе биде во ред, дека барем тој ќе ни остане ама ни замина. Кога малку беше подобар се слушнавме,се расплака, низ солзи рече дека да застане на нозе ќе направиме песна за се заблагодариме на сите за поддршката, да се оддолжиме, за ангелите, за Андреј, за другарите од бендот.. Но, не дочека тоа да се случи, низ солзи ни раскажаа дел од неговиот тим.

Каков беше Панчо знаат и сите негови блиски, колеги и фанови кои денес дојдоа да му одддат последна почит. Калиопи, Слаткар, Дани, Каролина, „Некст тајм“, Пере, Перо Антиќ, неговиот брат по лик, како што знаеја за себе да кажат, Ребека, Лозано и многу кои со цвеќе чекаа ред да влезат во црква.

„Дали знаеш како е да боли, дали знаеш тишината е тешка… срце полно рани, рани, рани.., пееше тој во „Рани“ и да, молк и тишина беше денес во црквата кај што сите му се поклонуваа.

И недостасуваат зборови да се опише тагата која ја доживеаја сите семејства, недостасуваат зборови да се опише тежината на темните облаци над сите нас. Сета тага што ја живееме овие седум месеци носи само една порака- не смее да се заборави и не смее да се повтори…

Впрочем тој и самиот на нивниот концерт за 20 години ДНК кажа: „Знаеме во какво оптество живееме и дек треба да помагаме“.

Панчо е 64 жртва од трагедијата во диско шталата „Пулс“ во Кочани..

Нека му е вечен помен. Патувај и дружи се со ангелите…

(В.М.)

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ