(Видео) Стадион: „Со бизнис секторот не се цртаат ДУП-ови“ вели Герасимовски, кандидат за градоначалник во Центар

Горан Герасимовски од СДСМ, бара нов мандат за градоначалник во општина Центар, општината која отсекогаш била под лупата на јавноста поради изразениот интерес на инвеститорите за градење на станови и урбанизација на просторот. Герасимовски по изминатите 4 години на чело на општината во емисијата Стадион на Канал 77 забележува дека во минатото, како што рече, Деталните урбанистички планови се креирале во канцеларија, можеби со бизнис секторот.

-Тоа не е случај овие 4 години – затоа што изборот на проектантска куќа е со граѓаните се кои се започнува со целиот процес. Оние јавни анкети каде ги повикуваме граѓаните, траат со месеци. Не како во минатото кога се цртале ДУП-ови во канцеларија. Не се излегувало на терен да се види дали таму може да се нацрта тоа што се црта во канцеларија. Се соочуваме во стари планови да немаме пристап до одредени локации, нема доволни капацитети за улици, нема доволно зеленило“, рече Герасимовски во Стадион.

Во однос за најавите за јавно – приватно партнерство за изградба на општинска зграда во Центаар, Герасимовски рече дека тоа е граѓанско – административна  зграда преку ј.авно приватно партнерство.

-Некој во минатото таму планирал десеткатница на земјиштето кое не е наше. о 2,5 години го добивме со. многу проблеми. Таму има повеќе институции и со комплициран процес – го добивме земјиштето и направивме идејно решение, рече Горан Герасимовски.

Неговата оценка е дека програмите на неговите противкандидати се со лажни и нереални, неостварливи ветувања, а делумно препишани од неговата програма.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ