Стефан Тренески дебитираше во Формула 4 првенството во Словачка, Македонија прв пат со свој учесник

Овогодишниот победник на Формула 4 ЦЕЗ Академијата , 17 годишниот Стефан Тренески дебитираше на Формула 4 натпреварот кој се одржа во Словачка на познатата патека Словакијаринг од 22-24.08.2025 год.како дел од Формула 4 првенството за 2025 година во тимот на Јаник моторспорт.


“Беше тежок натпревар, конкуренцијата е силна. Се работи за врвни возачи со неколкугодишно искуство во овие натпревари, но тоа за мене не претставуваше препрека, туку напротив предизвик да се впуштам во борба за највисока позиција од самиот старт на натпреварот. Во една ситуација бев истуркан надвор од патеката од страна на еден натпреварувач, па затоа завршив на 13та позиција. Секако од овој мој прв Формула 4 натпревар продолжувам понатаму со многу повеќе знаење за болидот, начинот на кој се управува, начинот на комуникација со моите инженери од Јаник моторспорт. На следниот натпревар на Брно , во Република Чешка одиме многу поподготвени“ – изјави Стефан Тренески.


Следниот натпревар, кој воедно е и последниот за оваа сезона во Формула 4 ЦЕЗ првенството, ќе се одржи на патеката на Брно во Република Чешка на 6 и 7 Септември.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ