Тапаните беа неговата душа – Ѓорѓи Џоко Ѓорѓиев

Во Кочани најчестиот коментар за трагедијата во Пулс е дека таму згасна цела една генерација.

Ѓорѓи Џоко Ѓоргиев, момчето од струмичко, е меѓу жртвите кои таа вечер во Пулс беа работно, како тапанар на ДНК.

Тој уште како дете ја покажа љубовта кон музиката – тропајќи на кофи и канти, го градел својот свет на ритам и звук. На само 12 години застана на голема сцена со Благица Калева и групата „Модус“, по што со Иван Куќиќ и Зоран Трендов ја формираа групата „Yu for You“. Последната страница од неговата музичка приказна ја испиша со бендот ДНК.

Во чест на неговиот талент и оставениот белег, традиционалната „Летна школа за гитари“ во Струмица од ова лето го носи неговото име – „Летна школа за гитари Џоко Ѓоргиев“. Џоко беше дел од Основното музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица, каде секојдневно ги пренесуваше својата љубов и знаење на идните музичари.

За него имаат што да ви кажат скоро сите во Струмица и околината. Средното образование го завршил во струмичката гимназија, каде директорката се присети на времето поминато со еден од најпрепознатливите ученици.

„Јас на него му раскажував за мојата виолина, а тој мене за неговиот тапан. Си кажувавме што слушаме, кои песни би биле најдобри за наредниот концерт. Се редеа настапи – ‘Евровизија’, ‘Времеплов’, ‘Диско’, ‘Деценија’, а тој од голобрадо момче порасна во сериозен музичар и столб на сите настани во училиштето,“ рече Невенка Стојанова, директорка на гимназијата во која Џоко го заврши средното образование.

Во дворот на гимназијата денес расте дрвце засадено во негова чест – симбол дека корените на неговата љубов кон музиката никогаш нема да згаснат. Роден во 2000 година, Џоко останува запаметен не само како талентиран тапанар, туку и како млад човек кој со својата енергија и добрина остави трага во срцата на сите што го познаваа.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ