„Откако Бугарија се приклучи на Еврозоната, земјата стана економска сила. Одењето во тоалет во светски познатиот ски-центар Боровец чини само 5 евра. Некои граѓани од посиромашните земји како Швајцарија, Австрија и Германија можеби мислат дека ова е скапо. Но, ние не сме виновни за понискиот животен стандард таму; тие едноставно мора да работат понапорно за да можат да си дозволат одмор во Бугарија“.
Ова е иронијата на еден бугарски граѓанин, кој наишол на ваква порака на врата на тоалет во хотел во зимскиот центар Боровец во Бугарија. Соседната земја веќе три седмици е во еврозоната, односно еврото е платежна валута, па цените се така изразени.

Со прифаќањето на евро како своја валута, за почеток, како и во Хрватска, цените се изразуваат и во левови, досегашната влаута на Бугарите. Сепак, како што пишуваат бугарските медиуми, луѓето често се збунуваат при пресметката, па има и вакви случаи, кога на банкнотата некој впишал колку сега е во левови.










