„Тоше те сакаме“ на детска улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче

На 16 октомври од 12ч.  до  15ч. на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром во чест на легендата на македонската музика – Тоше Проески, на иницијатива на жителите, Општина Аеродром во соработка со општинските градинки и училишта, како и партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и RVR Brend, организира настан под слоганот „Тоше те сакаме“.

Овој настан претставува искрена почит и сеќавање на човекот кој остави траен белег во македонската музика и култура. Целта е да се испрати порака дека Тоше сè уште живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски симбол на добрината, љубовта и единството.

Публиката ќе ужива во настапите на децата од градинките, училишните хорови од основните училишта, како и на македонските музички ѕвезди: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Наде Талевска, Марија Спасовска, Драган Темелков, Лили Акустик, Ивона Јо, Тамара Волческа,  Владимир Поповски и Васил Ангелов, кои ќе ги изведат безвременските хитови на Тоше Проески. Покрај музиката, ќе има изложба на дела од основците, активност за пишување на хумани пораки на картони со Бомбакис, цртање на мега-слика со РВР бренд.

Со песна, љубов и сеќавање, сите заедно ќе му оддадеме чест на човекот кој ја обедини Македонија со својот глас, својот дух и своето големо срце.

Да покажеме дека неговата порака за љубов, хуманост и добрина и понатаму живее меѓу нас.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ