Трагедија во Велес, камион прегази пешак, починал на лице место

Маж од 54 години вчера загинал во Влес, во него удрил камион и го усмртил на лице место.

-На 22.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ