Турчинот Шамил Шен никогаш не ги уплатил парите за ФК Брегалница – Општината Штип останува единствен сопственик

Вкупно 6 милиони денари од општинскиот Буџет Советот на Општината Штип денеска се очекува да одобри за ФК Брегалница 2008 АД, откако промовираниот купувач на 85 отсто од акциите, турскиот стопанственик Мурат Шамил Шен се откажал од клубот. Шамил Шен се појавил само еднаш во Штип на прес конференцијата во јули кога беше објавена продажбата на мнозинските акции во клубот.

Во Предлог одлуката за одвојување на средства за ФК Брегалница стои:

„Од причина што фудбалскиот клуб е повотрно во целосна сопственост на општината, потребни се финансиски средства за понатамошно ефикасно и ефективно работење и функционирање на клубот. Како единствени сопственици треба да обезбедиме средства за непречена работа на клубот“, пишува во Предлог одлуката.

На сајтот на Македонска берза се’ уште стои трансакцијата од 21 јули годинава, каде за 9.250.176 денари беа продадени 85 отсто од акциите на АД Брегалница 2008. Како што беше објавено на прес конференцијата од 23 јули, акциите ги купил познат спортски рааботник од Турција, Мурат Шамил Шен.

„Согласно донесената одлука на Советот на Општина Штип веќе се преземени 100% од акциите од досегашниот сопственик Кирил Гогов и од денеска почнува постапката за продажба на 85 проценти од акциите на идниот и нов сопственик, познат спортски работник од Република Турција, којшто денеска е со нас, а тоа е господин Мурат“, изјави градоначалникот Иван Јорданов на прес конференцијата (23 јули 2025).

Според информациите, Турчинот никогаш не ги уплатил средствата за трансакцијата, со што клубот остана во целосна сопственост на Општината Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ