Усмртен пешак во Скопје, полицијата го уапси возачот

Фото: МВР

Лишен од слобода возач во Скопје, удри во пешак

-Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ