Утре „Марш за ангелите“ во Кочани

Утре во Кочани по 24-ти пат ќе се одржи „Маршот за ангелите“ на семејствата и роднините на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс. Протестот ќе започне во 17:05 часот.

  • Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата, продолжува кон Трговскиот центар, па кон Управата за јавни приходи. Ќе се направи кратко запирање на кружниот тек меѓу Основниот суд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи – Кочани, за да им оддадеме почит на нашите деца. Потоа колоната ќе продолжи кон Министерството за внатрешни работи, оттаму кон Основниот суд, а маршот ќе заврши со враќање во Паркот на Револуцијата, се истакнува во известувањето од организаторите на Маршот.
©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ