Уште една бизарна фотомонтажа со Трамп во потрага по новиот Џемс Бонд

„Амазон МГМ“ објави официјален повик за актер – наследник на Џејмс Бонд, а Белата куќа одговори со фотографија од претседателот Доналд Трамп како славниот филмски лик. Трамп е прикажан на црно-бела илустрација во смокинг и држи пиштол во рака. Неговиот слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“ е напишан со златни букви во долниот десен агол.

„Иако не планираме да коментираме конкретни детали за време на процесот на кастинг, со нетрпение очекуваме да споделиме повеќе вести со фановите на 007 штом ќе дојде вистинското време“, се вели во соопштението на „Амазон МГМ“.

Пред една година, долгогодишните продуценти на Џејмс Бонд, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, соопштија дека Џеф Безос и неговата компанија ја презема креативната контрола врз легендарната франшиза со Џемс Бонд. Тој за „The Independent“ изјави дека планот на компанијата е да „прави одлични филмови“.

Сепак, иако Безос е познат сојузник на Доналд Трамп, нема индикации дека претседателот на кој било начин поврзан со следниот дел од популарниот серијал филмови.

Фото: X

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ