Филипче најави кадровски промени во СДСМ по изборите

фото. Вангел Тануровски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во партијата. Тој истакна дека изборните резултати се јасен патоказ за насоката во која треба да се движи СДСМ, како и за неговото лидерство.

– Овие избори се јасен патоказ за СДСМ и за мене како претседател. Јасно е какви политички и кадровски промени треба да се направат, и тие ќе се случат во наредните денови, ќе има седници на Извршниот одбор и на Централниот одбор на кои ќе ги обзнанам тие промени. Секако, ќе планираме и конгрес на кој ќе се дискутираат политиките за следниот период, изјави Филипче, додавајќи дека не размислува за оставка бидејќи е на функцијата кратко време.

Тој потврди дека потпретседателката Ана Чупеска поднела оставка, а во однос на прашањето дали се најавени други оставки, рече дека јавноста наскоро ќе биде информирана за дополнителни кадровски решенија. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ