Денес во раните утрински часови, графити и пароли со политичка содржина се појавија на неколку улици во скопската општина Чаир.
Графитите се со порака: „Време е повторно да ги направиме Албанците господари на својот дом!“.
Сликите со графитите брзо се споделуваат на социјалните мрежи. До моментов, нема официјално соопштение во врска со авторите на овие графити, ниту пак конкретна реакција од одговорните институции.
Фото: lajmpress









