Штипјанка измамена од лажен лекар за 700.000 денари, ги дала за операција на сестра и со вградување шипка

Фото: МВР

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари.

-На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однела на договореното место. Исто така, според пријавеното, подоцна во нејзиниот дом дошла нејзината внука и заедно ја контакриле нејзината сестра, при што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за проаноѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ