Штип: Сообраќајка на булевар „Гоце Делчев“, сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајна незгода се случи во Штип во близина на крстосницата „Мал Одмор“ на булеварот „Гоце Делчев“.

Неофицијално едно од возилата не го испочитувало правото на првенство на минување, при што двете возила се судриле. Според првичните информации нема повредени, а причинета е материјална штета и кај двете возила.

Екипи на МВР вршат увид на местото на инцидентот, а сообраќајот се одвива отежнато.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ