Јавноста незадоволна од „паузата за освежување“ на Светското првенство во фудбал

Фото: ФИФА Фејсбук

Паузата за освежување (cooling break) воведена на овогодинешното Светско првенство е жестоко критикувана од јавноста.
Јавноста е убедена дека воведувањето на „паузата за ладење“ и таканаречената четвртина служи само за комерцијализација и му штети на квалитетот на фудбалот, пренесува dnevnik.hr.

На овогодинешното Светско првенство останаа 40 натпревари и во некои натпревари „паузата за ладење“ беше навистина неопходна поради големата жештина, но во многу натпревари, особено оние што се играа навечер (американско време), немаше потреба од тоа.
Уругвајскиот селектор Марсело Биелса е еден од оние кои покажаа незадоволство од воведувањето на оваа иновација, а во меѓувреме, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе даде изјава во која исто така не е задоволен од тоа:

„Моето мислење за паузите за освежување? Не треба да ги прашувате играчите за мислење бидејќи тоа многу менува. Ако мојот тим доминира, таквите паузи го нарушуваат ритамот на играта. Ако е навистина жешко, тогаш сум среќен што постојат. Сите се жалат кога се воведуваат нови правила. Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе функционира на долг рок.“

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ