Јован Јованов и Евир Меќиќ навистина приредија сензација во бели, како што беше и најавен концертот, а се случи вчера вечерта во „Борис Трајковски“. Спектакл беше враќање на сцената на ова популарно дуо кое жарше и палеше во 2000-тите, а се покажа и дека публиката се уште им ги памти песните.
Модерните светски ефекти и танцување покажаа дека тие се уште го следат трендот, како што беше и тогаш, содзавајки магија на сцена, каква што беше и песната „Магиј, со кој 1998 гоина побдија на „Макфест“ во 1998 година.

„Некаде после 2“, „Итно ми требаш ти“ и многу други песни кои го одбележаа то време, а кои и денес радо се слушаат.
Рзиграната публика во бело, каков што беше и дрес кодот, со вресок ги пречекува не само Јоваан и Елвир, туку и нивните гости- Маја Саздановска, Тони Зен, Пајак, како и Џус и Сѓа Делибашиќ од Србија. Иван Јованов Ивајо, добро осмислил се и навистина го смести концертот во светски, користејќи вештачка инелигенција и алки, кои во ритамот на музиката светеа во разни бои.

-Нашите децаа се во публика. Дарис пристигна од Сараево а Малеа од Канада. Се што правиме правиме за нив, рече Елвир мислејќи на неговот син и ќерката на Јован. Но, Елвир своевремено испеа и дует со Гоце Арнаудов, па на видео бим со вокал на починатиот пеач не потсети на тие моменти, кои не се збораваат.

Околу два часа се играше и пееше и на крајот, секако заслужено-бис. Задоволни лица, полни позитивна енергија. И секако рдост што сепак е концерт на наша, македонска музика…
В.М.
Фото: Вангел Тануровски/Шкир Јусинов







