Јордан Митев доби син, се роди Кристијан

Фото: Фејсбук

Утрово фолк пејачот Јордан Митев соопшти радосна вест. Н овој голем христијански прзник, тој по втор пат стана татко. Му се роди син.

-Почитувани фанови и пријатели, денес на овој убав ден Крстовден, се роди нашиот син Кристијан. Господ нека дарува радост во секој дом, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Јордан е во брак со Славица, која живееше во Австралија, но порди љубовта таа се врати во Македонија. Тие имаат и ќеркичка, која се вика Кристина и која се роди пред две години, додека Јордан беше на турнеја низ Австралија.

-20 години патувам низ светот и на многу турнеи Господ ме дарува со благодети, но на оваа турнеја Господ ми го даде најголемиот дар, ми се роди ќерка. Добредојде ќерко, напиша тогаш Јордан.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ