Ќе се прска против комарци во Скопје, заштитете ги пчелите

Градот Скопје ги известува граѓаните дека денес (19.08.2025 година),  ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и против ларви од комарци.

-Терестричната дезинсекција против  возрасни форми на комарци ќе се врши од  19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а  против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.  Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираат од Градот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ