Од Министерството за здравство до Канал 77 доставија одговор од директорката на кочанската општа болница со проширена дејност, Катарина Паниќ, во врска со прашањата поврзани со случајот во кој хипербаричната комора набавена за лекување на повредените од Пулс, од нејзината набавка до денес, не е ставена во употреба:
„Станува збор за хипербарна капсула (добиена со донација од Зегин) и завршена е едукацијата на доктор специјалист по физикална медицина и физиотерапевт од ОБ Кочани. Има разлика меѓу капсула и комора, понизок е притисокот на кислородот во капсулата, во однос на хипербарна комора.
Нема административни пречки и капсулата е веќе ставена во употреба и понудена им е на повредените од пожарот, доколку има препорака од пулмолог има можност да ја користат овие лица.
Се постапува по медицински препораки и таа е наменета за пациенти со рани, а во моментот нема пациенти со рани и таа ќе се користи и за друга патологија и ќе биде ставен во одделот за физикална медицина, кој е комплетно реновиран .
Инаку, хипербарна комора има во Штип и таа им беше понудена бесплатно на повредените со извештај од пуулмолог.“ – стои во одговорот на директорката Паниќ доставен до Канал 77 преку пи-ар службата на Министерството за здравство.





