5 % од населението во Кавадаречко пие загадена вода во селските чешми

5 % од населението во Кавадаречко пие загадена вода во селските чешми додека останатите 95% пијат хигиенски исправна вода за пиење.

За 5% жители, водоснабдувањето е ризично, преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари,соопштуваат од Центарот за јавно здравје –Кавадарци. Според последниот извештај биле испитани 279 мостри вода за пиење, од нив 210 од Градскиот водовод Лукар покажале дека водата е безбедна за пиење. Од 48 испитани мостри од селските локални водоводи, 12 покажале бактериолошка исправност бидејќи се вршело хлорирање на водата а кај 34 мостри кај кои не се врши дезинфекција на водата покажало висока бактериолошка неисправност.

Кај останатите 27 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажала висок процент на бактериолошка неисправност од над 85 проценти.

Според надлежните кај бактериолошките неисправни мостри на вода се изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, предизвикувачи на цревни заразни заболувања, додека физичко-хемиската неисправност е поради тоа што кај најголем број на локалните водоводи не се врши хлорирање на водата. Ваквата состојба се повторува скоро секоја година, затоа што овие селски водоводи се оставени на Месните заедници кои поради немање на материјални средства, не вршат нивно одржување.

Од Центарот препорачуваат да се изврши асанација на сите локални селски водоводи како и редовно хлорирање на водата за да се добие безбедна вода за пиење и кај останатото население. Според градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, во неколку села веќе се  обезбедени  автоматски хлоратори и дека до крајот на годината и за останатите села истите ќе бидат набавени.

За Канал 77 од Кавадарци, Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Состојба на патиштата: Зголемен интензитетот сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд ...

Close