$500 за чорапи?

На социјалните мрежи во последно време се поактивни се “нечии” гаќи за 500еу, ние денес ќе ви презентираме чорапи од 500$.

Фенси чорапи и хулахопки се повеќе од популарни оваа сезона благодарејќи на големите дизајнерски имиња како Прада и Живанши кои по своите писти пуштија фантастични нови модели.

Њујорк Пост пред неколку недели објави дека се продаваат чорапи од $500 од познатата модна куќа Родарте. Да, $500 долари !!! За чорапи, а не за гаќи !!!

Секако волната од која што се направени чини повеќе од обичните памучни чорапи, но дизајнерската етикета е тоа што всушност ја прави цената на овие чорапи.

Кога нас би не прашале овие плетени чорапи се баш грди. И секако се крајно непрактични затоа што се полни со дупки и не можат да се перат. А, што е најстрашно и самата дизајнерка изјавила дека самата никогаш не би ги облекла.

Подолу се и поскапите чорапи кои можете да ги сретнете од некои дизајнери, како на пример:

Оскар Де Ла Рента - $990
Оскар Де Ла Рента – $990

 

Стела Мекартни – $625
Додади коментар

Би те интересирало и

Тошо и Цацко во коцкарница

Дошле Тошо и Цацко во коцкарница и одлучиле да ја пробаат среќата на рулетот. Собрале ...

Направете да се заљубат во вас за само 4 минути

Сигурно веќе многу пати сте слушнале за „проверена формула“ која ќе ја натера вашата симпатија ...

Close