Проекти

Страна: 4

Струмичкиот регион како земјоделски се гуши во отпад. Речиси сите населени места имаат една до две диви депонии, а купишта ѓубре се фрла и покрај локални патишта, реки и канали. Органски отпад, пластика, хартија и градежен шут има насекаде, а во нивна близина се одгледува зеленчук, овошје. „Се фрла насекаде, не плаќаат за ѓубре и […]

Битола не стана филмски град, ама ќе ја има во филмот на градоначалникот на заминување Владимир Талевски, кој е на истекот на неговиот трет мандат. За филмот за проектите на Талески, општината ќе потроши 8000 евра. Опозицијата овој проект го нарече „голема лудорија“, а дел од битолските интелекуталци бараат контра филм за најавените а нереализирани […]

Додека стружани се гушат од чадот и неподносливата смрдеа кои се шират многу често од градската депонија која се наоѓа на стотина метри од првите куќи секојдневно се зголемува бројот на заболени од рак во општината. Депонијата е место каде повеќе од една деценија се фрла најразличен вид на отпад, а која на Струга и […]

Зонското паркирање не го реши сообраќајниот хаос во Тетово, туку дополнително го комплицира проблемот на  граѓаните кои живеат на главните булевари „Илирија“ и „Илинденска“. Цената на месечниот билет за паркирање е фантастични 8000 денари. И додека граѓаните бараат паркинзи зад зградите во кои живеат, од општината велат дека зонското паркирање е успешен проект. Зонското паркирање […]

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа. Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и повеќе од тоа, изобилувајќи со […]

Повеќе од една година е запрена градбата на Домот за стари лица во Штип. Објектот од 3000 квадрати кој е изграден до карабина и не може да се догради додека не завршат административните процедури во Министерството за транспорт и врски. Здружението на пензионери на Штип и Карбинци ги троши последните пари, кои од сопствена заштеда […]

Во Тетово цели станбени згради со станови за продажба се нелегално изградени. Никнуваат огромни зданија на згради буквално на секој слободен простор.Тетово продолжува да расте нелегално. Ќе се одважи ли локалната власт да урива пред новите локални избори? Тетово е претворено во градилиште. Облаците прашина од работата на машините дополнително го загадуваат и онака концентриртаниот […]

Дваесеттина нови висококатници ќе никнат на неколку локации во Охрид. Граѓаните, експертите и некои од градските советници во општинскиот совет велат дека сето ова не е во интерес на градот и дека изградбата на новите згради ќе влијае врз квалитетот на воздухот кој охриѓани сега го дишат. Локалните власти уверуваат дека Охрид се урбанизира плански. […]

Повеќе од три години жителите на пет села од Општината Чешиново – Облешево се без матичен лекар. Жителите преку петиција побараа Општината да го реши проблемот, бидејќи секое одење на лекар во Кочани за нив е трошок. Младите лекари до сега не покажаа интерес за работа на село, од каде не можат да градат кариера. […]

Жителите од струмичките планински населени места Рич и Белотино патуваат и по час за да напрват лекарски преглед или примаат било каква медицинска терапија. Во овие две села каде живеат околу 450 жители немаат никаква амбуланта за примарна здравствена заштита а од Струмица се одалечени околу 25 километри. Молат бога да не се разболат или […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background