Проекти

Страна: 5

Оваа гарнитура од локална власт на заминување ќе остави релативно среден систем на наплата на данок на имот. Но, овие градоначалници на граѓаните ќе им остават обврска за плаќање на данок, кој е заснован на највисоката законска граница, базиран на нови проценки на имотот, кои донесоа решенија зголемени за неколку пати од тие што претходно […]

Жителите на штипско Ново Село стравуваат дека концесионерот кој ја доби концесијата за користење на термо-минералната вода од локалитетите ,,Кежовица и Л,џи“ ќе стави катанец на  на Л’џите. Тие сметаа дека и водата и самиот локалитет се дел од историјата и традицијата на оваа древно и историско место и како такво треба да се заштити  […]

Се менуваа министри за екологија, се менуваа градоначалници, но само дивата депонија во Тетово цели десет години остана на исто место. И додека тетовчани се гушат, државата дава само морална поддршка, под изговор дека е тоа работа на општинските власти. Лошата миризба и чадот ги трујат тетовчани до ден денешен. Граѓаните раскажуваат дека имале секојдневни […]

Одбиените земјоделци, кои бараат директна помош од државата, позната како субвенции, се жалат дека решенијата со кои се одбиени, ги добиваат со задоцнување и со поминат рок за покренување постапка. Земјоделските здруженија пак тврдат дека земјоделците немаат ни пари ни време да покренуваат судска постапка преку која ќе ги добијат парите што законски им следуваат. […]

Офицерски дом во Битола е срам за Градот на конзулите. Сјајот и раскошот на некогашниот гламурозен објект се заменија со крш и пустош, а убавината стана грдото лице на градот. Ова е сликата за Офицерскиот дом во Битола после повеќе од еден век од  неговата изградба. Најубавиот архитектонски бисер на Широк сокак e целосно запуштен и […]

Старите селски водоводи во неколку делчевски села кои се дотраени и градени со средства од жителите уште пред 50 години, им создаваат главоболка и на жителите, но и на општината. Наместо редовно снабдување со вода, околу 2000 жители од делчевските села Ѕвегор, Чифлик, Вирче, но и неколку маали од селото Нов Истевник, и во лето […]

Бојкот на настава и блокада на општината, е една од најавите на учениците Македонци од Тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ пред почетокот на второто полугодите. Учениците и родителите бараат Општината Тетово да овозможи нормален образовен процес. Петнаесет години трае голготата со просторниот проблем, кој го имаат професорите и учениците од ова средно училиште со традиција да […]

На седницата во јули, УНЕСКО нема да му го одземе статусот на заштитен град. Но, тоа не значи дека на следната седница на Комитетот на оваа светска организација нема регионот да биде стане на листата на загрозени подрачја. Тоа пред се’ зависи од македонските власти дали ќе ги прифатат препораките од јуни минатата година на […]

Туристички Дојран има дирекна автобуска линија само до три градови во државата, а такси превозот е луксуз- ако се најде. Граѓаните се жалат дека одењето до поголемиот град Струмица на преглед во болница,  ги чини минимум 1000 денари. Општината Стар Дојран одговорноста ја префрла на државата. Секое утро е нова борба, а за дојранци во […]

Шар Планина стара колку и приказната за неа. Природно подготвена да ги прими сите кои доаѓаат да ја видат. Меѓутоа, наспроти подготвеноста на планината,човекот не создал услови. На Шар Плнина, има само три планинарски дома, кои се сам делумно подготвени да ги примат оние кои сакаат да си ја одморат својата планинарска снага. И покрај […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background