Радио Канал 77 посветува особено внимание на заштитата на личните податоци во сите свои процеси.

Во своето работење, радиото целосно ги имплементира законските прописи за заштита на личните податоци согласно законската регулатива на Република Северна Македонија, обезбедувајќи доверливост, транспарентност и одговорност во однос на обработката на лични информации.

Ве замолуваме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност, во која се објаснува како Радио Канал 77 (во натамошниот текст: Контролор) ги собира, користи и штити личните податоци на корисниците.

Оваа политика се однесува на веб-страницата www.kanal77.mk и го уредува начинот на кој Радио Канал 77 ги обработува личните податоци собрани преку користење на веб-страницата.

Со прифаќање на оваа Политика за приватност, давате согласност вашите лични податоци да бидат собрани и обработувани од страна на Радио Канал 77, согласно условите наведени во овој документ.

Радио Канал 77 го задржува правото да ја ажурира оваа политика и практиките за користење на cookies во било кое време, со цел усогласување со важечката законска регулатива и најдобрите практики за заштита на податоци.

Секоја измена ќе биде јавно објавена на веб-страницата www.kanal77.mk, а корисниците се повикуваат редовно да ја прегледуваат оваа политика.

Собирање и обработка на вашите лични податоци

Кога вие, како посетител, пополнувате форма за учество во музичка анкета, квиз или друг интерактивен сегмент и при тоа доброволно ни доставувате лични податоци, ние се обврзуваме дека ќе ги обработуваме и чуваме тие податоци во согласност со:

Важечките закони за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и внатрешните стандарди и политики на Радио Канал 77.

Кои лични податоци ги собираме?

При посета и користење на нашата веб страна, може да се запишат и процесираат следните податоци:

– име и презиме, град, поштенски код, адреса на живеење, email адреса,

– податоци собрани преку “cookies” – за повеќе детали видете во секцијата за Cookies

– информација за користењето на нашиот вебсајт

За кои цели се обработуваат податоците?

Вашите лични податоци ги обработуваме исклучиво со цел да ви овозможиме online користење на нашите услуги – како учество во музички анкети, квизови или други интерактивни активности на www.kanal77.mk.

Вашите податоци нема да се користат за никаква друга цел, освен за онаа за која се првично собрани.

Обработка на лични податоци за други цели може да се врши само доколку претходно дадете изречна согласност.

Рок на чување на податоците

Личните податоци се чуваат онолку долго колку што е потребно за остварување на целта за која се собрани, или до моментот кога субјектот на податоците ја повлече својата согласност.

Субјектот има право во секое време, бесплатно и на едноставен начин да ја повлече дадената согласност, по што податоците ќе бидат избришани, освен ако не постои друга законска основа за нивно понатамошно чување.

Обработка на личните податоци

Обработката на вашите лични податоци се врши само врз основа на претходно добиена согласност од ваша страна, освен ако не постои друга со закон утврдена основа за обработка.

Обработката на податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку сте дале изречна согласност согласно оваа Политика за приватност.

Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и на едноставен начин да ја повлече согласноста за обработка на неговите податоци за директен маркетинг. По повлекување на согласноста, таквата обработка ќе биде прекината.

Политика за колачиња – Cookies

„Cookies“ се мали текстуални фајлови што вашиот веб-пребарувач ги зачувува на вашиот уред, содржејќи технички податоци поврзани со сесијата на посетителот. Овие фајлови не го идентификуваат индивидуалниот корисник и не го оштетуваат вашиот систем.

Нашата веб-страница може да користи cookies и технологија за следење, зависно од функционалностите и услугите што ги нуди.
Овие технологии служат за:

  • Прибирање информации за типот на пребарувач и оперативен систем
  • Следење на бројот на посетители
  • Анализа на начинот на користење на веб-страницата
  • Подобрување и прилагодување на корисничкото искуство
 

Радио Канал 77 не зачувува лични податоци во cookies и не користи cookies за активности што може да ја нарушат вашата приватност.
Cookies се користат исклучиво за планирање и унапредување на веб-услугите што ги нудиме.

Користење на Google Analytics

Нашата веб-страница користи Google Analytics – алатка која ни помага да анализираме како корисниците ја користат страната, со цел постојано унапредување на услугите.

Google Analytics користи cookies за да генерира информации за вашата активност на веб-страницата, вклучително и вашата IP адреса. Овие податоци се пренесуваат до Google, каде што се чуваат на сервери во САД или други земји.

Што правиме со тие податоци?

  • Информациите што ги добиваме се користат исклучиво за статистичка анализа на посетеноста и активноста на страницата на Радио Канал 77.
  • Не користиме Google Analytics за собирање на лични идентификациски податоци.
  • Google нема да ја поврзе вашата IP адреса со било какви други податоци што ги поседува.
  • Ниту Радио Канал 77, ниту Google нема да се обидат да ја поврзат IP адресата со вашиот личен идентитет.
 

Обврска за тајност и заштита на личните податоци

Вашите лични податоци се заштитени од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап. Пристап до овие информации имаат исклучиво авторизирани вработени на Радио Канал 77, и тоа само за целите за кои се обработуваат податоците.

  • Преносот на личните податоци се врши преку безбедни канали и е заштитен со соодветни методи на енкрипција, така што податоците не се читливи при преносот.
  • Се применуваат мерки што се соодветни на ризикот и природата на податоците, со цел нивна максимална заштита.
  • Радио Канал 77 презема сите потребни технички и организациски мерки за да спречи неовластен пристап, измена, губење или злоупотреба на личните податоци.

Откривање на вашите податоци

Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме Вашите податоци на други субјекти кои не се опфатени во оваа Политика,освен во следниве ситуации:

– Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата зазаштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива

Чување на вашите лични податоци

– Со цел за максимална безбедност на Вашите лични податоци, ние ги превземаме сите можни чекори на заштита.Користиме повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на Вашите лични податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.

– Нашите вработени се обучени и запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата налични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.

– Сите лични податоци кои ни ги доставувате Вие, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничениправила за пристап и истите се лоцирани во високо безбедносни зони.

Веб-страни на трети лица

На нашата веб-страница може да сретнете линкови до веб-страници на трети лица со кои Радио Канал 77 има воспоставено соработка.

Сепак, ние немаме контрола врз содржината, политиките или практиките на тие веб-страници и не сносиме одговорност за постапките на нивните администратори, вработени или за обработката на лични податоци на тие платформи.

Ваша одговорност како корисник

Веб-страниците на трети лица:

  • Може постојано да ја менуваат својата содржина, линкови или политики
  • Често имаат сопствени Политики за приватност, различни од нашата
  • Можат да собираат лични податоци според свои правила и цели

Поради тоа, ве охрабруваме внимателно да ги прочитате Политиките за приватност на секоја таква страница пред да внесете какви било лични податоци.

Објава за промени

Сите измени и дополнувања во врска со начинот на кој Радио Канал 77 ги собира, користи и заштитува личните податоци ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност, на почетната страница на веб-страницата, или на други соодветни места, со цел да бидете навремено информирани.

Ве охрабруваме редовно да ја прегледувате оваа страница за да бидете информирани за евентуални измени.