🎯400.000 причини за соработка со Канал 77

Над 400.000 слушатели ни ја даваат довербата секоја недела – ние им возвраќаме со внимание и квалитет.

Вашите пораки, без разлика дали се во форма на рекламен спот, спонзорство, наградна игра или промоција, ги третираме како дел од нашата радио програма.

Со форматирање на часовникот, создадовме оптимален распоред на пораките така што каков формат за рекламирање и да изберете, вашата порака ќе стигне до публиката.

Во зависност од вашите потреби, можеме да ви понудиме различни опции за соработка:

🎙️ Радио спотови

Класичен, но секогаш ефикасен начин на рекламирање. Радио спотот може да предизвика директна продажба или да ја зголеми свеста за вашиот бренд.Креативноста е клучна – добар спот е привлечен, оригинален и лесен за паметење, а тоа значи половина успешно завршена кампања.Нашиот креативен тим со задоволство ќе ви помогне да креирате ефективен радио спот што ќе ја погоди вистинската публика.

 

📅 Планирање на кампањата

Со поддршка од наш тим и напреден софтвер, ќе ви помогнеме вашата порака да се пласира во вистинско време – до што поголем број слушатели.

 

🎯 Специјално позиционирање

Според вашите потреби, спотовите може да се емитуваат на почеток или крај од рекламниот блок – позиции што привлекуваат најголемо внимание, или во точно определен временски термин.

 

🤝 Спонзорства

Со спонзорирање на емисија, вашиот бренд станува дел од програмата – поврзан со одреден водител, дел од денот или шоу.

Спонзорствата траат најмалку еден месец, со редовно спомнување на вашиот бренд и вклучени спотови во точно определени термини (3 емитувања по емисија).

Овој формат овозможува долгорочно влијание и препознатливост – секојпат кога слушателот ќе го вклучи Канал 77, ќе ја слушне и вашата порака.

🎙️ Може да ги понудиме следниве спонзорства:

🔁 Дневни рубрики:

  • Временска прогноза
  • Сообраќаен сервис
  • Дневен хороскоп
  • 3 работи што вчера не ги знаеше, а денес ќе ги знаеш
  • Утрински квиз
  • New Music Friday
  • Спорт Репорт

Овие рубрики се кратки, динамични и имаат висока слушаност. Идеални се за брендови кои сакаат континуирано присуство низ денот.

📻 Програми и емисии:

  • Утринско шоу со Христина (07:00–10:00)
  • Работно време со Јелена (10:00–14:00)
  • Попладне со Анѓела (14:00–18:00)
  • Вечер со Ребека (18:00–20:00)

Со спонзорство на овие емисии, вашиот бренд добива поврзаност со водителите и е присутен секој ден во рамки на спонзорираниот час/емисија.

 

⏱ 20-минутна гаранција – Само на Канал 77!

Ова е карактеристика на Канал 77. За време на времетраењето на спонзорството, Вашата порака се емитува три пати на час во програмата/шоуто што го спонзорирате. На почетокот на секој рекламен блок е Вашата порака. Сето ова Ве прави неизбежни во етерот.

📢 Интеракција со слушателите

Спонзорите имаат предности за закуп на разни наградни игри и други форми на интеракција со слушателите. Интеракцијата не мора нужно да биде наградна игра, ниту пак да биде некоја специјана награда. Овде, сè најмногу зависи од вашиот бриф. Која е вашата цел? Покрај можноста за учество во наградни игри кои се составен дел од емисиите, даваме и креативни предлози за интеракции со слушателите според вашите барања.

💰 Профитабилна инвестиција што се исплати

Спонзроството овозможува стабилно и континуирано присуство во етер

Преку долгорочна соработка, тие обезбедуваат континуирано присуство, поврзаност со програмата и силна врска со слушателите.

Одличниот однос цена/вредност ги прави спонзорствата еден од најбараните формати на нашето радио – веднаш по радио спотовите.

Со спонзорство, не купувате само простор – купувате влијание.

🚀 Големи радио промоции

Лаички кажано – големи наградни игри. Професионално кажано – стратешка соработка помеѓу клиентот и радиото за создавање на нешто што се памети и се зборува.

Големите промоции се дизајнирани специфично според вашиот бриф и вклучуваат:

Две спомнувања на вашиот бренд на секој час
→ едно во говорот на водителот
→ едно како 15-секундна реклама

800 до 1300 спомнувања на вашиот бренд за време на една промоција

Висока фреквенција и интеграција со целата програма

Траење од 2 до 8 недели, во зависност од целите

Нашиот креативен тим ќе работи заедно со вас од идеја до реализација – за кампања што создава внимание, ангажира публика и носи резултати.

✅ Кажете ДА за резултати!

✔️ ДА – ако сакате да се издвоите од конкуренцијата

✔️ ДА – ако Ви треба подолга кампања по супер прифатлива цена

✔️ ДА – ако сакате да бидете интегрирани во програмата

✔️ ДА – ако сакате слушателите навистина да слушнат за Вашиот производ или услуга

📞 Контактирајте нè:
032 / 397 – 707, локал 214
📧 [email protected]

ЦЕНОВНИК НА КАНАЛ 77