СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 07:00 ДО 10:00 часот

ХРИСТИНА СПИРОВА

Кога ќе почувствуваш на своја кожа колку е потребна позитивна енергија дури и во најлошите денови, тогаш одлучуваш дека твојата мисија на Земјата е таа енергија да ја шириш за сите околу тебе. Токму тоа е и мојата мисија, потхранета од уметноста како главен драјв, насочена кон сите оние кои се несебично емотивно достапни, а понекогаш потрошена на она што не преокупира сите – сценарија во глава кои никогаш нема да се случат. Сепак би рекла дека најважно е со кое сценарио во глава ќе го завршиш денот, а за мене тоа е еуфорија за возбуливо и активно утре. Кога е време за тоа „утре“, микрофонот, моливот и решителноста се моите „partners in crime”, а ако сето тоа е придружено со совршената музика, нема нешто што може да и го расипе денот на оваа заколната црвенокоса.
                                                             

                               Еј, и знаеш што!? Think less, do more!