„Паднаа“ тројца кочански дилери

МВР информира дека вчера се уапсени тројца кочанчани, кај кои е пронајдена дрога.

-На 18.08.2025 во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Д.(22) од Кочани. На место викано „Индустриска зона” во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв” со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираат од МВР и додаваат:

-Исто така, на 18.08.2025 во 22:00 часот во Грдовци, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Г.П.(32) и А.А.(29), двајцaта од Виница. Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф” со швајцарски национални ознаки, кое го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, кое било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер.
Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ