(Видео) Две директорки и двете без печати – Што се случувало во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар

Во канцеларијата на адвокатот Жарко Стеваноски во Прилеп денес се одржа прес -конференција на која тој заедно со директорка Маја Лозановска презентираше наодите за случувањата во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар.

Како што пред неколку дена рече Стеваноски, кога ја најави прес-конференцијата беа презентирани неправилности, односно беше кажано како се вршело политичко влијание во воспитно-образовниот процес во училиштето, злоупотребата на власта за партиски вработувања, како и вклученоста на државни органи и одговорни лица во забрзување на процесот на промена на раководните органи и штетата која е направена.

-Чувствуваме потреба да информираме за уште поголеми злоупотреби. Вчера до Одделението за организиран криминал и корупција беше поднесена кривична против шест лица, двајца државни инспектори од Државниот просветен инспекторат, градоначалникот на Општина Демир Хисар, в.д. директорот на училиштето и две службени лица од МВР. Според нашите основано сомненија, кои се потврдени со писмени докази, од мај наваму организирано со цел да овозможат партиски вработувања, секој во свој домен превзел дејствија. Градоначалникот побарал и му било овозможено од двајцата првопријавени да извршат вонреден инспекциски надзор. Инспекторите знаеле дека за 2024 година веќе била напрвена интегрална евалуација и не биле констатирани никакви повреди. наспроти тоа изготвиле записник и решение врз кое утврдиле незаконитости во работење, односно нереализирање на наставниот процес, рече Стеваноски и додаде:

-По изготвување на ова решение, експресно, истиот ден било доставено на градоначалникот и до Советот со кое се задолжуваат во рок од 30 дена градоначалникот да го разреши директорот и да стави в.д. директор, а Советот целиот училишен одбор. Сакајќи да го стасат рокот пред распишување на изборите Советот спротивно на деловникот на работа и Законот за локална самоуправа, свикал вонредна седница и изгласал разреување на Училиштниот одбор и именувал тројца ретставници од локалната самоуправа. В.д. директорката извршува функција без да е заведена во ЦР, не може да се издаваат свидетелства, уверенија, не може да се дадат плати. Градоначалникот, спротивно на членот 92 наместо да го разреши претходниот директор, назначил в.д. директор и сега има двајца директори на школото. Последните двајца од МВР не превземале дејствија за извршување наредба од ОЈО Битола…, додека адвокатот.

Погледнете ја целата прес-конференција на видеото:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ