Во Идризово затвореник истепал полицаец, во Шутка фрлиле марихуана од возило

МВР информира за два случаја во скопските затвори:

-На 25.08.2025 околу 11:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во установата, затворски полицаец бил физички нападнат од осуденикот К.А.(33) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

-На 25.08.2025 околу 23:10 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека кај задниот отворен дел од установата била пронајдена марихуана, која претходно ја фрлило лице што поминало со патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ