Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот за МИА.
Од ОВР Кавадарци го потврдија убиството.
-Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт. Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, информират од полицијата.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.






