Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети

Фото: МИА

Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

-Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Затоа што е пандемија којашто ги зафаќа сите граѓани, особено таргет се младите, бидејќи не можат да играат исгри на среќа со лична карта, ги земаат документите на своите родители и нелегално се приредуваат игри на среќа. Потоа имаме украдени пари, банкарски податоци, украдени банкарски картички итн, вели Андоновски кој во Свети Николе одговараше на новинарско прашање, како тече процесот на затварње на онлајн приредувачи на игри на среќа, кои работат нелегално.

Посочува дека секој месец имаат активности и процесот трае во континуитет. Очекува до крајот на месецот забрана за уште 50 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци. Министерот Андоновски забележува дека на овој начин се заштитуваат и младите луѓе како што рече „од овие предатори на интернет“,  а на коишто им е целта да ги украдат податоците на граѓаните, а потоа и да ги злоупотребат. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ