Мишко Крстевски со песната „Соња“ е победник од публика, а Ивана Серафимовска со „Се ми се познава“ победник од жири на фолк вечерта на интернационалниот фестивал „Охрид фест“, кој се одржува на сцената на Долни Сарај во Охрид.

Втората награда од публика ја доби Татјана Стефановска со песната „Како срце да израдувам“, додека од жири Горан Тодоровски со „Бела Кошула“. Третата награда од публика замина во рацете на дуетот Благица павловск и Жаклина Крстевска за песната „Потомка сум мома таткова“, а од жири Кирил Билистојановски за песната „Зошто Боже“.

На фестивалот беа доделени и струќни награди. Наградата за најдобар дебитан ја освои Софија Пуровска, која нстапи со песнат „Бело злато“, наградата за најдбр текст замина кај Ѓорги Калјџиев за песнат „Скршени весла“, а ја исполни Драган Николовски-Даце, додека наградата за аранжам ја освои Сашо Ливрински за песната „Бела кошула“ а ја исполни Горан Тодоровски и награда за најдобра интерпретација, која ја освои Драган Николовски-Даце.

Освен овие награди беа доделени и уште неколку и тоа за најтрубадурска песн беше прогласена песната „Чапкун дете, нјголем“, која ја исполни групата „Чардак“, новинарската нагрда ја освои Нино Величковвски за песната „Душо моја Душице“, наградата „Аце ангелески“ ја освои песната „Само ти“ а ја исполни Јованка Јо, а за најслушана песна меѓу двата фестивала беше прогласена песна која Петар Нечовски ја исполни минатата година.










