(Видео) Од каде дрскоста незаконски да оттуѓувате авторски песни без дозвола, реагира Маја, ќерката на текстописецот Јован Павловски

Фото: Приватна архива

Маја Павловска, која е уметник, и ќерка на познатиот текстописец Јован Павловски и наследник на неговите авторки дела, јавно се огласи на Фејсбук со реакција кон сите кои без дозвола од авторите снимале обработки на нивни песни.

Нејзината реакција ви ја пренесуваме во целост:

-Во овој пост би сакала да се обратам особено до колегите, изведувачи на македонската музичка сцена. Веќе некое време, гледам, следам и се чудам, од каде ви е таа дрскост, незаконски да оттуѓувате туѓи авторски песни или без да побарате дозвола од авторите, или носителите на авторските права за истите, да си ги снимате на официјлни носачи на звук, да настапувате на ваши официјални концерти и други слични настани, ги објавувате на youtube, па уште дрскоста да биде уште поголема, си ги снимате со променети аранжмани и најбезобразно ги отфрлате авторите на аранжмани, како да сте вие, тие што одлучуваат… Како песните да се лично ваши авторски дела…

Ме интересира, дали некој од вас, застанал да го прочита Законот за авторското право и сродните права?

Дали сте свесни дека со секоја обработка на песна, доколку не ги испочитувате авторите, или носителите на авторските права на делото, вршите кривично дело, за кое се одговара според гореспомнатиот Закон? До кога мислите дека ќе ви се толерираат ваквите неколегијални и безобразни испади?

Заради сѐ гореспоменато, на сите вас, кои без дозвола сте направиле преработки на песните:

– “Бисер балкански”, музика: Хилми Билбил, текст: Јован В. Павловски, аранжман: Томислав Таневски;

– ” Запејте сите ангели”, музика: Гоце Николовски, текст: Јован В. Павловски, аранжман: Горан Алачки;

и ги изведувате со друг аранжман од оригиналниот, јас и останатите автори и носители на авторските права, од денес, заради непочитување:,

1.ВИ ЗАБРАНУВАМЕ да ги изведувате песните со вашите аранжмани.

2.Бараме, секаде каде што се објавени ваши јавни настапи, концерти, носачи на звук, на youtube и слично, и покрај тоа што штетата е веќе направена, сепак имињата на оригиналните автори на песните, да бидат потпишани, (под видео клипот, мп3 итн.) ВЕДНАШ!

3. Од сега натаму, доколку не бидам лично прашана за дозвола за преработка и изведба на било кое мое, или авторско дело на мојот татко, Јован В. Павловски, автоматски почнувам судски процес против сторителот, кој и да е.

Побарав одговор од ЗАМП како е можно да се случува ова и на кој начин сме ние, како автори и носители на авторски права, заштитени од нивна страна. Сеуште чекам одговор. Се надевам дека ќе го добијам во рок од три дена.

После овој рок, тргнувам кон ставање крај на оваа хаотична ситуација, еднаш засекогаш, напиша Маја.

Јован Павловски е текстописец н многу познати македонски песни, меѓу кои „Бисер балкански“, „Запјте сите ангели“, „Македонија името не го менува“ и многу други…

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ