Победа на Ангело, Мандиќ не се ни појави на „Охрид фест“

Со интернационаланата вечер, која за малку ќе се одложеше порди лошото време, заврши фесивалот „Охрид фест“.

Победник од гласовите на публиката е срспскиот пејач со македонско потекло Ангело. Второто место го освои Ивона Јо, а третото дуетот Дорис Димовска и Наум Бумбаровски.

Дуото „Броз и марама“ го освоија првото место од жирито, второто Наталија Данаилова, а третото Саша Лазаревиќ- Кудра од Србија. Блаж Маротов ја освои наградата од новинарите.

Фестивалот почна скоро два часа порано, поради најавите за невреме со дожд, а тоа придонесе малку да се измести редоследот.

Најавувана ѕвезда српската легенда Оливер Мандиќ, не си ни појави на фестивалот. Од организацијата рекоа дека платени биле авионски билети и сместување и за него и за неговото семејство, но тој не се појави со образложение дека го пропуштил летот.

-Организиравме да биде пречекан на аеродромот во скопје и со автомобил да ги донесат во Охрид. Но, не се појавил. Кога го побарвме рече дека го пропуштил летот бидејќи, наводно, авионот полетал 12 минути порано, тие сакале да влезат последни и да ја избегнат гужвата. Мандиќ требаше да дојде и да ја прими награда за безвременски хит за песната „Питају ме питају“, договорот е уште од јуни. Обезбедивме луксузен апартман за неговото семејство и повратни авионски билети, велат од организацијата на фестивалот.

Гостин на фестивалот беше Дадо Топиќ, кој кко по традиција го заврши ова издание со песната „Македонија“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ