Купување прв стан со зналително мало сопствено учество, најавува Славески

Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот.

„Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние кои купуваат стан како инвестиција, учеството ќе се зголеми, заради намалување на притисокот врз цените и за зголемување на финансиската одговорност“, појаснува гувернерот.

Гувернерот нагласува дека банките веќе ги препознаваат граѓаните кои купуваат прв стан како помал ризик, бидејќи тие се поодговорни и кредитот го користат за сопствено живеалиште. Се очекува дека банките ќе понудат подобри услови и пониски каматни стапки за оваа категорија.

Во однос на сегашните каматни стапки, гувернерот истакнува дека тие се релативно ниски во споредба со другите пазари и дека со стабилизирањето на инфлацијата под 3%, кредитирањето ќе стане уште поедноставно и поодржливо.

Народната банка ја следи состојбата на пазарот на недвижности и кредитирањето, со цел да обезбеди одржлив раст и да ги заштити интересите на граѓаните и на банкарскиот сектор.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ