Поради преоптовареност пред 16 години потона бродот „Илинден“, загинаа 15 туристи од Бугарија

Фото: МИА

Денеска се навршуваат 16 години од трагедијата на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица на Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Во чест на загинатите поставен е споменик во паркот кај каналот Студенчишта.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ