Професорот и декан на Градежниот факултет, Горан Марковски, е кандидат за градоначалник на Скопје од „Независни заедно“. Тој беше дел од емисијата „Стадион“ на Канал77.
Тој рече дека досега не бил член на ниедна политичка партија, а во врска со неговата кандидатура додаде:
-Пресудно да се кандидирам беше тоа што активистите од „Независни заедно“ ми предложија да одам како независен поддржан од нив. Со нив споделуваме многу заеднички вредности. Тоа беше иницијална каписла, своето знаење, животно, работно, експетрско искуство да го понудам на гардот, нов концепт, растоварен од разно разни коалици, од весела математика, која после изборите создава проблеми. Ако ги погледнеме изборите овие години врз основа на искуство може да се исзвојат две вистина, а тоа е дека доега Скопје немало вистински независен градоначалник и второ е состојбата во која Скопје се наоѓа. Мене ми претставува предизвик да бидам првиот навистина независен кандидат. Никој не ме контактирал од големите партии, пто во оваа фаза е предност. Во овие избори треба да говориме за спас на градот, до тоа дереџе е дојдено, па некако развојот ни паѓа во сенка. Не е ново да се каже дека градот не е онаков каков што сакаме да биде. Според мене независноста дава шанса да носите одлуки најдобри за градот неоптоварени со разни партиски калкулации. Се работи а хронични болести на градот и треба сериозен третман. Градот се гуши, тоне во смет и почна да се суши ова лето, недостасува вода. Им многу сериозни инфраструктурни проблеми, рече тој, а во врска со градењето кажа:
-Не е во ингеренции на Градот да руши но, секако ќе водиме сметка како се гради. Ќе биде се достапно во јановста, далеку од популизам. Но, имајќи предвид дека кубуриме со стручен кадар, но ќе мора да примениме нови технологии за да можеме да се справиме со овие девијантни појави во градот, рече тој.
Во врска со загадувањето и поставувањто партиски кадри во стручни институции додаде:
-Нема конкретни мерки за загадувањето. Поставување на партиски нестручни кадри на раководни места на институции,. Колку е битен грдоначалникот на Скопје, барем толку се битни директорите на Јавни претпријатија, комунални претпријатија, инстируции. Градоначалникот треба да го постави правецот. Стручноста е многу важна, а кај нас се занемари. Кај нас е битно да е партиски кадар и да е од коалицијата. Зошто е побитно да е партиски човека не квалитетен од друга партија. Или кој воопшто не е партиски определен. Во урбанизмот немаме струка? Ние имаме нарачан урбанизам! Кој ги нарачува урбанистичките планови? Кај нас се нарачани од инвеститори. Јас сум кажувал дека кај нас потои инжинерска, односно урбанистичка, односни архитектонска проституција. Луѓето кај нас се продаваат за мали пари. Профитот, не квалитетот на живот е единствено мерило на живот, вели Марковски. Стручни луѓе на стручни места, јас за тоа се залагам, вели Марковски.
Погледнете го целото гостување:






