Штипјанецот Зоран Николов се искачи на највисокиот врв во Европа, Елбрус, со 5.642 метри височина

Штипјанецот Зоран Николов, член на кочанскиот планинарски спортски клуб Осогово, се искачи на највисокиот врв на европскиот континент, врвот Елбрус на планината Кавказ во Русија со 5.642 метри надморска височина.

  • Со голема гордост и радост, ПСК Осогово упатува искрени честитки до нашиот член Зоран Николов за успешно искачениот врв Елбрус (5.642 м) – највисокиот врв на Европа. Овој значаен подвиг е резултат на огромна истрајност, љубов кон планината и силен планинарски дух, со кој Зоран уште еднаш го претстави нашиот клуб на највисоко ниво. Нека ова искачување биде инспирација за сите сегашни и идни планинари, а на Зоран му посакуваме уште многу нови успеси и безбедни искачувања на идните врвови!, вели претседателот на ПСК Осогово, Тошо Антов.

Инаку, долго во Европа за највисок врв беше третиран врвот Мон Блан на француско-италијанската граница, кој е висок 4.808 метри, а ваквиот тренд беше наметнат политички, поради тоа што Елбрус се наоѓа во тогашниот СССР, главниот ривал на Западниот свет.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ