„Нема да престанам да се борам, сè додека вистината не излезе на виделина“ – Габриела, мајка на Надица Наунова

Надица Наунова е една од најмладите загинати во трагедијата во дискотеката Пулс. Нејзината мајка, Габриела, е една од најборбените мајки на секој „Марш за ангелите“, барајќи правда за смртта на својата ќерка:

„Денес стојам пред вас со срце скршено на парчиња и со болка која нема крај. Денес, како мајка на еден ангел кој прерано ни беше одземен, барам правда — не само за моето дете, туку за сите деца кои заслужуваат безбедност, грижа . Тоа значи само едно:моето чедо се борело за својот живот, но никој не ѝ помогнал. Вратата од дискотеката била затворена, обезбедувањето и полицијата само стоеја и гледале, а оние кои требало да нè штитат не презеле ништо. Таа беше оставена сама да се гуши во безизлезот на местото кое требаше да биде безбедно.

Како да ѝ објаснам на нејзината малечка сестричка дека веќе никогаш нема да ја види? Со која сигурност да ја пуштам надвор кога не знаеме во каква држава живееме и кој навистина се грижи за нашите деца? Овде, каде што младите губат живот во затворени простории без можност за спас, каде човечноста е заборавена, а одговорноста никој не ја презема.

Ова не е само моја лична трагедија — ова е срам за целото општество. Барам од надлежните, од Министерството за внатрешни работи, од сите институции: Пронајдете ги виновниците, сторителите на ова злосторство од негрижа и затворање на очи. Барам правда за мојот ангел, затоа што моето дете заслужуваше да живее. И ако вие сега не реагирате, утре можеби истото ќе му се случи на нечие друго дете.

Нема да престанам да се борам сè додека вистината не излезе на виделина. Должна сум — како мајка — да стојам за своето дете, да ја барам вистината и да ја барам правдата. Затоа што мојот ангел заслужува мир, а јас заслужувам одговори.“ – напиша Габриела на социјалните мрежи.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ