Зелен хуман град излегоа со соопштение по повод шест месеци од трагедијата во Кочани:
„6 МЕСЕЦИ БЕЗ ПРАВДА ЗА КОЧАНИ
Кочани сè уште крвари, власта сè уште молчи.
Поминаа 6 месеци од трагедијата во „Пулс“. 62 млади животи згаснаа. Стотици се повредени. Правдата никаде ја нема.
Родителите на настраданите без престан се на улица. Бараат одговори. Бараат одговорност. Наместо тоа, добиваат молк и притисоци.
Системот потфрли. Корупцијата уби. Објектот работел без дозволи. Институциите со години молчеле. Ова не беше несреќа, ова беше убиство со умисла од страна на гарнитури неспособна власт.
62 загинати.
193+ повредени.
34 осомничени.
0 осудени.
182 дена без правда.
Бројките се немилосрдни. Резултатите од истрагата се поразителни. До кога ќе се чека?!
Изгореници и лузни… Со месеци по болници… Психијатри, панични напади, апчиња… Физичките и психичките последици се огромни. Цели семејства се уништени.
Уништени сништа.
Уништени животи.
Уништена иднина.
Ова е цената на институционалната негрижа.
Истрагата се одолговлекува. Се купува време. Се заташкува одговорноста. Дали некој воопшто ќе одговара за масакрот во Кочани? Бараме правда!
Дали твојот град е безбеден? Трагедијата во Кочани може да се случи секаде. Сè додека институциите се парализирани од корупција, сите сме во опасност.
Сподели. Биди гласен. Не дозволувај оваа трагедија да биде заборавена. Борбата продолжува!
КОЧАНИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАБОРАВИ. ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА.“ – стои во соопштението.





