По синоќешните шпекулации на социјалните мрежи дека крстот на Исарот ќе биде исклучен за време на настапот на Дино Мерлин, бидејќи тоа било специјално барање на изведувачот, штипскиот градоначалник Иван Јорданов излезе со демант:
- Згрозен сум од лажните вести кои намерно се пласираат, а се во врска со најголемиот настан во Македонија, кој ќе се случи овој викенд во Штип. Целосно демантирам дека изведувачот Дино Мерлин имал специјални барања во делот на исполнување посебни услови во изгледот и обележјата на градот. Свесен сум дека живееме во време на изместени вредности, свесен сум дека ова е само еден од методите за ширење на омраза и политичко лешинарење. Се прашувам до каде ќе оди човечката злоба ? Нашиот Штип веќе добива од овој настан, а оние кои ја пласираа оваа невистина на медиумите, јасно е дека веќе губат, затоа и се изгубени во нивната злобна и бесцелна политичка кампања! И да не изоставам, овие кои ги шират дезинформациите, се истите оние кои неколку години го оставија крстот на Исарот во темница, стои во демантот на Јорданов.





