Две македонски општини имаат повеќе гласачи од жители

Општините Дебар и Центар Жупа, на Единствениот избирачки список имаат повеќе гласачи отколку жители.

Во Дебар, според најновиот список, има 15.412 жители, додека на изборниот список се наоѓаат 19.763 лица со право на глас, или 4.351 лице повеќе.

Во соседната општина Центар Жупа, во пописот се попишани 3.720 жители, додека во избирачкиот список има 7.551 гласач, или повеќе од 3.821 лице со право на глас.

За разлика од општина Дебар, каде што досега беше обезбеден потребниот број гласачи, во општина Центар Жупа, на последните Локални избори во октомври 2021 година, не беше обезбеден потребниот минимален цензус од 1/3 или 33 проценти. Поради оваа причина, со одлука на Владата, градоначалникот на општината, Аријан Ибраим, беше назначен како повереник за овластувањата на градоначалникот на општината до одржувањето на вонредни избори, на кои Ибраим обезбеди втор мандат.

На претстојните Локални избори на 19 октомври, во двете општини има по тројца кандидати за градоначалник и пет листи на кандидати за членови на општинскиот Совет.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ