Од синоќа се спроведува и се’ уште трае голема полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево, се работи за разбивање на организирана криминална група, јавува Курир. Се работи за група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.
Неофицијално, меѓу приведените се и актуелен директор на ЈП „Национални шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.
Повеќе детали се очекува во текот на денот.






