Четворицата мажи кои украдоа биста од гробиштата во Бутел ќе одговараат за делото „Скрнавење гроб“

Крадењето на бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска, Обвинителството го процесуираше и за фатените четворица мажи на влезот во гробиштата Бутел поведе постапка дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска. Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место. Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат, соопшти ЈОРМ.

Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари. Овинителството бара судија на претходна постапка да им одреди притвор за сите четворица осомничени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ