Без плата останале новопримените 400 пожарникари – тврди СДСМ

Повикувајќи се на информации од свиркачи, СДСМ објави дека сите тие 400 млади луѓе што беа примени како пожарникари во август, заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата. Пред неколку месеци, власта најави ангажирање на 400 пожарникари преку општините, со месечен надоместок од 24.000 денари.

Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање”. Јавно го прашуваме премиерот Мицкоски дали е ова точно?  Ако е се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе. Ги искористила за политичка реклама, а потоа ги оставила без денар. А граѓаните без потребната заштита“, соопшти СДСМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ