По условна пресуда за докторка во случајот Онкологија и по реакциите во јавноста, денес се огласија од ОЈО.
-Признанието на вина и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот “Онкологија” е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје. Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а обвинителството се уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна. По приемот, јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата, велат од ОЈО.






