МВР информира дека вчера со приватно возило бил донесен маж од Турција н Клиника, по што возачот си заминал, а Турчинот починал.
-На 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза” е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.





