Имале погрешно мислење – Мицкоски и Арсовска се извинуваа што си верувале и поддржувале

Фото: Фејсбук

Беа истомисленици, па се раскараа, а денес еден по друг на јавноста се извинија премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, што некогаш си верувале еден на друг и се поддржувале.

Најпрво Мицкоски се обрати од Општина Ѓорче Петров, па на новинарско прашање дали чувствува одговорност за екоцидот и хаосот што му се случува на Скопје, токму поради тоа што Арсовска била нивна кандидтка.

-Екоцид е кривично дело, ве повикувам да ми поднесете кривична. Жал ми е што во 2021 година застанав зад независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Чувствувам одговорност што тогаш ја поддржав независната кандидатка. Да, чувствувам. И сум се извинил најмалку 10 пати. И еве повторно ќе кажам, се извинувам што тогаш застанав зад независниот кандидат Данела Арсовска. Затоа, таа грешка нема да ја повториме“, рече премиерот и кажа дека нивниот кандидат Орце Ѓергевски ќе победи и ќе го исчисти градот.

По оваа изјава на Фејсбук со извинување се јави и Арсовска.

-Ако сакаше да има одговорност, требаше твоите советници да дадат оставка, за да сега ти зедно со нив не си директно одговорен за хаосот во Скопје. Еве сега и јас им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си. Администрација во град Скопје јас не ја донесов, работев со луѓе кои се професионални, вредни и го сакаат градот за разлика од вас, тоа се луѓе кои вие и таквите како вас ги вработиле во изминатите 30 години, рече меѓу другото Арсовска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ